Влашкa тура

ВЛАШКА ТУРА – FEEL TRADITION се организира за 10 – 12  лица, со посета на објекти од традиционалната влашка култура. Почнува од 10.00 часот пред столбот на Крушевската Република. Посета на музејот на Никола Мартиноски и галеријата на влашки носии, Посета на влашката црква Св. Јован каде се наоѓа галеријата на икони од 17-ти век, Попатно застанување кај маалска чешма БУША, Посета на традиционална крушевска куќа – кафе, локум – Куќата на Пренда, Посета на леарницата – куќата на Вана Лапе, Посета на гробот на Питу Гули, Посета на гробното место на Тоше Проески, Посета на споменикот Илинден, Пешачење до Крушевското езеро, Посета на бачило. Закуска на бачило или во крушевска влашка куќа (во зависност од временските услови) влашка погача, симитчиња, козјо сирење на плотна, овчо кисело млеко, ракија, ребра од фурна, компири на жар, печена тиква. Во цената на турата се вклучени: влез во музеи, кафе, традиционален ручек и водич. Турата се изведува исклучително со лиценциран локален туристички водич. Времетраење на турата е 5 часа. Турата е пешачка и спаѓа во категорија – лесна тура. Цена 15 евра, со 15% попуст за рана уплата и за групна уплата.
Резервации на: contact@feelkrusevo.com

Translate »
Мени