Места за посета

СПОМЕН КУЌА НА ТОДОР ПРОЕСКИ – Спомен куќата на Тодор Проески претставува еден грандиозен и уникатен проект со специфична намена и причина за изградба. Претставува еден споменик на човек кој беше, е , и ќе остане морален светилник и водич на сите луѓе. Претставува градба која целосно ќе ве внесе во животот на оваа икона на македонската музичка сцена. Изложените експонати ќе ви прикажат како Тоше растеше, заплива во музичките води, за на крајот целосно да ги освои истите. Кликни за Мапа

Мечкин Камен е споменик во близина на градот Крушево. Претставува востаник со високо подигната карпа над главата и го претставува последниот очајнички миг во борбата на востаниците од одредот на легендарниот војвода Питу Гули, кои ги дале своите животи при одбраната на Крушевската Република. Кликни за Мапа

Споменикот “Слива” е симбол на јунаштвото и саможртвата на македонските востаници при одбраната на Крушевската Република на 12 август 1903 година. Тој е длабоко врежан во душата и свеста на македонскиот човек. Кликни за Мапа

Манастирскиот комплекс Св. Преображение, подигнат бил на месноста Ручало на околу 1642 м надморска висина, во прекрасен и живописен природен амбиент. Од Крушево, на север, комплексот е оддалечен околу 8 км. Се наоѓа во близина на локалитетот “Слива“. Манастирот вандалски е разрушен во почетокот на 19 век, а возобновен е во 1986 година. Овој манастир е преодна точка за планинските велосипедисти и планинарите на патот кон Мусица, на 1 780 м.н.в.. Секој 18-ти август крушевчани се збираат тука. Кликни за Мапа

Црквата на манастирот Св. Спас во близина на Крушево е изградена 1826г. и се наоѓа на 600 м. надморска височина и има идеални климатски услови. Се наоѓа во прекрасен шумски амбиент и е омилено излетничко место за мештаните и туристите. Кликни за Мапа

Крушевското Езеро понекогаш нарекувано и Габелово Езеро претставува вештачка акумулација во непосредна близина на Крушево. Од езерото истекува Крушевско-норовската река. Крушевското Езеро има богат рибен фонд. Најзастапени се крап, караш, клен, охридска и калифорниска пастрмка, црвеноперка, плашица, толстолобик и др. Риболовот е дозволен во текот на целата година со исклучок на месец јуни, кога е периодот на мрестење кај рибите. Кликни за Мапа

Гумење во минатото беше вистински дел каде што жителите на Крушево работеле. Денес е познат како место за рекреација и игри, особено сакан од помладите но и возрасните исто така. Во негова близина се наоѓа Старото “корзо” – кое во минатото било главно место за дружење и шетање, споменикот на Никола Карев, споменикот Илинден, НОБ музеј и спомен куќата на Тоше Проески и неговиот гроб. Кликни за Мапа

Ски центарот Станич, располага со три патеки, два ски лифтови и една двосед жичница која носи од градот, низ букова шума, директно на терените. Патеките имаат нивоа, лесна 350м, средна 400м и патека со напредно ниво во должина од 700м под двосед жичницата. На ски патеките има и елементи за сноуборд парк. Инсталирано е и осветлување за ноќно скијање под синиот лифт и стазата под жичницата. Во непосредна близина на самиот центар, на терените постои угостителски објект, ресторан кој нуди најразлични видови храна и пијалоци. Центарот располага со ски депо за изнајмување на скии како и ски школа. Кликни за Мапа

Translate »
Мени