Манастирска тура

МАНАСТИРСКА ТУРА – SECRET PLACES се организира за 6 – 10  лица, со посета на четирите цркви во градот (Св. Никола, Св. Јован, Св. Богородица и Св. Тројца) и трите манастири (Св. Спас, Св. Василиј и Св. Преображение). Почнува од 10.00 часот пред столбот на Крушевската Република. Со посета на Св. Никола каде се наоѓаат мошти на Св. Климент, Посета на Св. Јован каде се наоѓа галеријата на икони од 17-ти век, Посета на Св. Богородица, Патување до манастирот Св. Преображение, кафе кај Крстот, Посета на Св. Тројца, Патување до Св. Спас, Пешачење до Св. Василиј, Манастирски ручек во Св. Василиј, (манастирска погача, селски леб, козјо сирење на плотна, овчо кисело млеко, шумски печурки на плотна, манастирска ракија, ребра од фурна, тавче гравче). Враќање до Крушево. Во цената на турата се вклучени: превоз, кафе, традиционален ручеки водич. Турата се изведува исклучително со лиценциран локален туристички водич. Времетраење на турата е 5 часа. Турата е комбинирана, пешачка и со организиран превоз со мини комбе. Категорија – лесна тура. Оваа тура може да заврши со пешачење до Мечкин Камен и превоз до центарот на градот. Категорија – средно тешка. Цена 15 евра, со 15% попуст за рана и за групна уплата.
Резервации на: contact@feelkrusevo.com

Translate »
Мени
Feel Krusevo